Проф. д-р Драган Красиќ

  • Професор

Проф. Д-р Драган Красиќ е роден 1961 година во Лесковац. Медицински факултет завршил во 1986 година како студент на на генерација, со најдобар просек во учебната 1984-86 година. Магистрирал во 1993 година од областа на максилофацијална хирургија при Медицинскиот факултет во Ниш, а специјалистички испит од максилофацијална хирургија положил истата година, 1993 година на Стоматолошкиот факултет во Белград.
Докторската дисертација од областа на максилофацијална хирургија ја одбранил на Медицинскиот факултет во Ниш во 1997 година.
Во звањето асистент приправник на предметот максилофацијална хирургија бил избран во 1988 година при Медицинскиот факултет во Ниш, потоа во 1995 година бил избран во звањето асистент, а во 2000 година избран е во звањето доцент. После тоа е избран за шеф на предметот максилофацијална хирургија.
Во моментов е редовен професор на предметот Максилофацијална хирургија.
Обавувал функција на директорна Клиниката за стоматологија од 2002 до 2013 година во тој период се реновирала Клиниката и се изградил нов објект за потребите на Максилофацијална хирургија со површина од 1600 м2. Сега е на функција помошник директор за медицински прашање и клиничка работа.
Автор и коавтор е на повеќе од 200 трудови, кои се презентирани на домашни и меѓународни конгреси, а голем број се објавени и во меѓународни списанија.
Уредник е на три учебници, а учебникот „Максилофацијална хирургија за студенти по медицина“ на група автори под уредување на д-р Драган Красиќ е објавен во 2004 година и тоа:
1. Mаксилофацијална хирургија: за студенте медицине/ Славолјуб Шурдиловић ……( ет. Ал.) Уредник Драган Красић – 2 изд. Ниш : Галаксија, 2013 ИСБН 978-86-6233-038-3
2. Maksilofacijalna hirurgija, studijski program medicina, grupe autora, Nastavno naučno veće na sednici 27.06.2016., odlukom br. 10-6767-6/2-1 štampa kao udžbenik. Галаксија- Ниш, 2017 ISBN 978-86-6233-159-5. Уредник Драган Красић
3. Koautor u Monografiji “Karcinomi kože glave i vrata”, objavljena 2010 god.

Ментор е на голем број студенти за изработка на студентски трудови кои се презентирани на соодветни конгреси во земјата и странство. Некои од тие трудови се печатени во стручни списанија. Учествувал во повеќе национални проекти, како и два меѓународни. Ментор е на повеќе магистерски тези и докторски дисертации од областа на максилофацијалната хирургија, а исто така бил член на повеќе комисии за одбрана на магистериуми и докторати. Проф. д-р Красиќ ментор е на специјалистички постдипломски студии и учествува во изведување на настава на специјализанти и докторанти од масилофацијалната хирургија. Има одржано повеќе предавања како поканет предавач во земјата и странство.

Сесија

  • ИНФЕКЦИИ НА ГЛАВАТА И ВРАТОТ, НОВИНИ ВО ТЕРАПЕВТСКИОТ ПРИСТАП

    Инфекциите на главата и вратот се уште се вообичаен домен и проблем за стоматологот и особено за оралните и максилофацијалните хирурзи. Тие ретко се домен на третман на специјалисти по оториноларингологија, офалмологија, како и понекогаш и неврохирурзите. Овие инфекции се со претежно дентогено потекло. Според Бернад, инфекциите во пределот на лицето, вилицата и вратот во 93% од случаите се со дентогено потекло…