Проф. д-р Ана Миновска

  • Професор
  • Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип
  • https://www.ugd.edu.mk/

Проф. Д-р Ана Миновска е редовен професор на Факултетот за медицински науки при Универзитетот Гоце Делчев Штип, меѓународен предавач од областа на пародонтологијата и ласерската стоматологија, визитинг професор на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот во Јаши, Романиа, член на управниот борд на Балканското стоматолошко друштво и сопственик на Центарот за дентално здравје ЕТЕРНАдент
Предавач и организатор на голем број конгреси, симпозиуми и hands on курсеви во земјата и странство. Автор на учебници од областа на пародонтологијата. Добитник на голем број признанија и награди од областа на стоматологијата. Член на претседателството на Комисијата за стручен надзор на СКМ. Член на уредувачкиот одбор на стручното списание Bosnian J. of Dental Med и Balkan Journal of Dental Medicinе.

Сесија

  • БАЗИЧНИ ПРИНЦИПИ ВО МЕНАЏМЕНТОТ НА УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СЕКОЈДНЕВНАТА СТОМАТОЛОШКА ПРАКСА

    Сериозни медицински итни случаи за среќа не се толку честа појава во општата стоматолошка пракса; меѓутоа, доколку се појави угрентна состојба, спремноста да се справиме со истата може да резултира со потенцијално избегнување на последици -ризикот од смртност или сериозен морбидитет.Ова ја апострофира важноста и потребата за имплементирање на стратегии за нивна превенција, усвојување на вештините за ургентно делување, како и располагање со соодветни алатки и лекови кои ќе ја направат побезбедна праксата во стоматолошките ординации. Редовното образование и обука на стоматолошкиот тим се неопходни, со цел да се одржи критичното знаење и прагот на вештина потребни за ефикасно справување со медицински итни случаи…