Асс. д-р Јулија Заркова- Атанасова

  • Професор
  • Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип
  • https://www.ugd.edu.mk/

Д-р Јулија Заркова Атанасова е аситент-докторанд на Факултетот за медицински науки, Дентална медицина при Универзитетот Гоце Делчев-Штип.Своите додипломските и магистерските студии ги завршила на Стоматолошкиот факултет во Скопје, каде што се има стекнато и со називот специјалист по стоматолошка протетика. Моментално работи на својата докторска дисертација запишана на истиот универзитет. Има објавено голем број на научни и стручни студии во домашни и меѓународни списанија.

Сесија

  • ЗГРИЖУВАЊЕ НА „ДЕНТИНСКА РАНА“ КАКО УРГЕНТНА СОСТОЈБА ВО СОВРЕМЕНАТА СТОМАТОЛОГИЈА

    Иако зборот „ургентно“ во вистинската медицинска смисла не може да биде применет во стоматолошката протетика, сепак постојат голем број состојби кои бараат ургентно згрижување од страна на стоматологот-протетичар. Важноста на нивната терапија се состои во овозможување на пациентот нормално да продолжи со секојдневните активности, без нарушување на ниедна орална функција, ниту на неговиот изглед. Овие состојби може да се појават пред, за време, или после спроведениот протетски третман. За време на протетската рехабилитација една од најургентните состојби е згрижување на експонираниот дентин по препарацијата, односно по создавањето на т.н. дентинска рана. Соголениот дентин непосредно по препарацијата треба да се заштити со цел да се блокира дејството на хемиските, осмотските, термичките, механичките, токсичните и бактериските дразби врз пулпата и да спречи нејзино заболување или појава на болка…