УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОШКАТА ПРАКСА – УПРАВУВАЊЕ И ПРЕВЕНЦИЈА

Проф. д-р Цена Димова Професор /Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип

Click here to join the session

Во секојдневната стоматолошка пракса иако поретко, сепак се случуваат ургентни состојби коишто секој стоматолог и специјалист треба да ги препознае, идентификува и да управува со потенцијално загрозувачка ситуација.

Навременото препознавање и ефикасното управување со итните случаи од страна на стоматологот треба да резултира со задоволителен исход. Крајната и основна цел во управувањето со сите итни случаи е зачувување на животот. Главниот и основен услов за управување со ургентната состојба е одржување на соодветна позиција (П), прооднос на дишните патишта (А), дишењето (Б), циркулацијата (Ц) и дефинитивниот третман (Д). Целта на овој труд е да се обезбеди преглед за вообичаените медицински и стоматолошки итни случаи како што се: синкопа, опструкција на дишни патишта, анафилактична реакција, токсична реакција од локалниот анестетик, асматичен напад, градна болка, епилептични напади, и крвавење.

Во стоматолошката пракса можни се различни компликации (аспирација или голтање на делови од протеза, заб, дел од заб, корен, лек или ситен инструментариум). Компликациите може да бидат непосредни или одложени, и се поврзани со нивото на толеранција на пациентот, користените материјали и процедурите за лекување.

Секако, при управувањето на ургентните состојби најдобриот третман вклучува превенцијата на истите. Оттука, од најголемо значење е стоматологот да биде подготвен за итен случај и да се верува и очекува дека итните случаи се реална можност во стоматолошката клиника. Подготовката за вонредни ургентни состојби вклучува лична и персонална подготовка, а тоа вклучува длабоко познавање на знаците, симптомите и управување со итни случаи, мерки за основна поддршка на живот (BLSbasic life support measures) и кардиопулмонална реанимација (CPRcardiopulmonary resuscitation). Подготовка на ординацијата вклучува одржување на итна опрема, лекови за итни случаи и додатна медицинска помош.