УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОШКАТА ПРОТЕТИКА

Проф. д-р Саша Станковиќ Професор /Медицински факултет во Ниш

Click here to join the session

Функционални, психолошки и естетски причини го оправдуваат изработувањето на имедијатни протези во сите случаи кога е можно. Успехот во имедијатната протеза зависи во голема мерка од правилната дијагноза, деталниот план за лекување и прецизно изведените процедури за изработка. Правилна дијагноза и план за работа може да се направи дури откако ќе се процени општата здравствена состојба на пациентот и откако се направени екстра и интраорални испитувања. Пред почетокот на третманот, пациентот треба да биде информиран за планот на лекување, придобивките од имедијатната протеза и можните компликации. . При донесување на конечна одлука, неопходно е да се земат предвид сите можни контраиндикации. Имедијатната протеза може да се препорача и да се направи за повеќето пациенти кои го бараат тоа. Прашањето што се поставува во рамките на ова предавање е што е имедијатната протеза во стоматологијата денес и кои се современите технолошки достигнувања кои ни овозможуваат добри решенија во процесот на рехабилитација.