ИНФЕКЦИИ НА ГЛАВАТА И ВРАТОТ, НОВИНИ ВО ТЕРАПЕВТСКИОТ ПРИСТАП

Click here to join the session

Инфекциите на главата и вратот се уште се вообичаен домен и проблем за стоматологот и особено за оралните и максилофацијалните хирурзи. Тие ретко се домен на третман на специјалисти по оториноларингологија, офалмологија, како и понекогаш и неврохирурзите. Овие инфекции се со претежно дентогено потекло. Според Бернад, инфекциите во пределот на лицето, вилицата и вратот во 93% од случаите се со дентогено потекло.

Карактеристиките на овие инфекции произлегуваат од фактот што тие се развиваат во тесно подрачје на лицето каде се наоѓаат виталните и за живот неопходни органи и тоа: уво, око, нос. Покрај тоа, во оваа регија претставува раскрсница на дишните патишта и дигестивниот тракт. Доброто крвоснабдување на регионот овозможува брзо ширење на инфекцијата во соседните области и региони, како и во кранијала и каудална насока.

Децата претставуваат група на пациенти на кои, поради специфичноста на реакцијата на одредени болести, потребно е да им се посвети посебно внимание. Ова пред се сè однесува на варијабилноста на имуно биолошката состојба на организмот како резултат на растот и развојот. Кога станува збор за почетокот, развојот, ширењето и компликациите на дентогени инфекции, анатомски карактеристики (богатство со спонгиозна коска, добар проток на крв, мускули без фасциј) мора да бидат земени предвид). Овие специфичности во повеќето случаи доведуваат до побрз развој на клиничката слика, која е придружена со многу изразени општи и локални симптоми на инфекција, додека од друга страна, употребата на соодветен третман доведува до побрзо заздравување отколку кај возрасните пациенти.

Особено загрижувачки се инфекциите на вирусна етиологија, со нивна различна клиничка слика, која може да биде многу турбулентна и се бара мултидисциплинарен третман.

Соодветно испитување на пациентот, употреба на некогаш потребни помошни дијагностички процедури со мултидисциплинарен пристап кон третманот, како и постојано следење на тековните трендови во оралната и максилофацијалната хирургија, се услови за успешна терапија.