БАЗИЧНИ ПРИНЦИПИ ВО МЕНАЏМЕНТОТ НА УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СЕКОЈДНЕВНАТА СТОМАТОЛОШКА ПРАКСА

Проф. д-р Ана Миновска Професор /Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип

Click here to join the session

Сериозни медицински итни случаи за среќа не се толку честа појава во општата стоматолошка пракса; меѓутоа, доколку се појави угрентна состојба, спремноста да се справиме со истата може да резултира со потенцијално избегнување на последици -ризикот од смртност или сериозен морбидитет.Ова ја апострофира важноста и потребата за имплементирање на стратегии за нивна превенција, усвојување на вештините за ургентно делување, како и располагање со соодветни алатки и лекови кои ќе ја направат побезбедна праксата во стоматолошките ординации. Редовното образование и обука на стоматолошкиот тим се неопходни, со цел да се одржи критичното знаење и прагот на вештина потребни за ефикасно справување со медицински итни случаи.

Поради својствената природа на итните случаи ова предавање ќе има за цел да даде интегративен осврт на клучните „правила“ што ги водат дејствијата при реализирање на итното делување во секојдневната стоматолошка пракса.