Проф. Д-р. Ивона Ковачевска

  • Професор
  • Факултет за медицински науки, Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип
  • https://www.ugd.edu.mk

Проф. д-р Ивона Ковачевска е родена во Битола каде го завршува основното и средно образование со континуиран одличен успех. Дипломира на Стоматолошкиот факултет во Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 1985 година. На истиот факултет магистрира (1999 година) и докторира (2007 година). За насловен доцент е избрана 2008 година, односно доцент во 2011 година, на Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Во звањето вонреден професор е избрана во август 2013 година, а во моментот е редовен професор на Факултетот за медицински науки, при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Од 1995 година е специјалист по специјалноста Болести на забите и ендодонтот. Автор е и коавтор на преку 230 трудови и публикации во домашни и интернационални журнали, конференции, симпозиуми.

Професор д-р Ивона Ковачевска, во моментот е продекан на Факултетот за медицински науки, при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Предмет на потесен интерес и претставува реставративната естетска стоматологија, ендодонцијата, денталните ласерски процедури како и ветеринарната стоматологија.

Session

  • ФОКАЛНИ ИНФЕКЦИИ ОД ОРАЛНАТА СРЕДИНА И МОЖНОСТИ ЗА СИСТЕМСКА ИМПРЕСИЈА

    Присуството на микроорганизмите и нивната трансмисија од оралната средина во целиот организам, претставува сознание, за кое уште Гален пред нашата ера посведочил. Но, во дваесеттите години на минатиот век, за прв пат се спомнуваат фокалните инфекции кои датираат од оралната средина, преку кои се дисаминираат микроорганизми или нивните токсини и нус продукти во оддалечени ткива и органи со единствена цел, нарушување на нивниот интегритет. Иако ваквата состојба генерално се одвива асимптоматски, примарниот фокален статус најчесто се наоѓа во устата…