Асс. Д-р. Верица Тонева-Стојменов

  • Асистент
  • Факултет за медицински науки, Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип
  • https://www.ugd.edu.mk

Др. Верица Тонева Стојменова е асистент на дентална медицина и забни техничари-протетичари при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, воедно и специјализант и студент на трет циклус-докторски студии на дентална патологија при Универзитет „Кирил и Методиј“ Скопје. Уште за време на прв циклус студии, нејзиниот успех е награден од Стоматолошката Комора на Македонија, како најдобар студент на генерација.

Автор и коавтор е на научно-стручни трудови во домашни и меѓународно признати списанија, како и практикум наменет за потребите на студентите на дентална медицина при Универзитет „Гоце Делчев“. Таа е ментор и коментор на повеќе студентски теми на национионални собири. Има придонес и како млад истражувач и соработник во два научно-истражувачки проекта. Секојдневно, учествува на интернационални научни конференции и симпозиуми, а воедно и се надоградува со посета на стручни современи курсеви од областа. Има одржано неколку работилници во склоп на симпозиуми и учествувала во организационен одбор на истите. Таа е член на професионални друштва: Стоматолошка Комора на Р.С. Македонија и Здружение на ендодонти на Р.С. Македонија.

Session

  • АНТИБИОТСКА САМО-МЕДИКАЦИЈА КАЈ СТОМАТОЛОШКИТЕ ПАЦИЕНТИ

    Стоматолошките интервенции важат за едни од најстресните, најболните и најнепријатните. Денес, во ерата на висока технологија каде сите информации стигнуваат преку интернет, или преку медиумите, многу лесно лековите и медикаментите се достапни на широката популација. Од таму и можноста за само-медикација кон која, многу побрзо и полесно пристапуваат пациентите, одколку да се одлучат за контролен преглед или третман во стоматолошка ординација кај стручно едуцирано лице-стоматолог…