ЗНАЧЕЊЕТО НА ОРАЛНИТЕ ВИРУСНИ ЗАБОЛУВАЊА ВО СЕКОЈДНЕВНАТА СТОМАТОЛОШКА ПРАКСА

Проф. Д-р. Љиљана Ќесиќ Редовен професор /Стоматолошки факултет, Универзитет во Ниш, Република Србија

Click here to join the session

Херпес симплекс вирусот (ХСВ) е честа причина за болести на орофацијалниот регион. Од голема важност е да се знаат главните клинички манифестации на примарен херпетичен гингивостоматитис и секундарната рекурентна форма на херпетичен стоматитис.Типичната клиничка слика и деталната анамнеза овозможуваат, во повеќето случаи, секој стоматолог да ја препознае и успешно да ја третира болеста.

Примарниот херпетичен гингивостоматитис започнува нагло со треска, со општа слабост, главоболка, губење на апетит, болки во грлото. Во својот целосен клинички развој, маргиналната гингива станува еритематозна, едематозна, хиперпластична и болна. Интерденталните папили се склони кон крварење. Халитоза и хиперсаливација се присутни. Се појавуваат везикули, со различна големина, локализирани низ усната шуплина. По неколку часа, везикулите пукаат, оставајќи мали, болни ерозии или плитки улцерации. Ваквите промени потсетуваат на афтозни лезии, но бидејќи афтите никогаш не се појавуваат на местата на зголемена кератинизација и ова е добар диференцијален дијагностички знак. Постои обложен јазик, поради присутната треска, лоша орална хигиена, недостаток на самочистење, внесување кашеста и течна храна и секундарни компликации поврзани со кандидата. Дијагнозата се поставува врз основа на клиничката слика и цитолошки преглед. Во тешки случаи, може да се извршат и хистопатолошки прегледи, докажување на моноклонални антитела, изолација и култура на вируси, како и зголемен титар на антитела во серумот. Терапијата е симптоматска со аналогно-антипиретични лекови, хигиенско-диететски режим, испирање со антисептички, фунгицидни и средства за дезинфекција. Во тешки случаи, индицирана е употреба на виростатици, Емоционалниот стрес, физички напор, ултравиолетово зрачење, други инфекции или имуносупресија може да предизвикаат реактивирање на вирусот и појава на лезии со локализација на усните, гингивата или на тврдото непце.

Херпангина е акутна, заразна болест предизвикана од вирусот Коксаки. Болеста започнува нагло, со треска, болки во грлото, главоболка, тешкотии при голтање, малаксаност. За еден или два дена, се појавува енантем во последните делови на усната празнина со везикули кои брзо прскаат и оставаат болни ерозии, кои заздравуваат за седум до десет дена. Ерозиите се локализирани на: мекото непце, увулата, крајниците, задниот фарингеален ѕид и поретко на основата на јазикот и букалната слузница. Дијагнозата се поставува врз основа на клиничката слика и изолација на вирусот.Терапијата е симптоматска со хигиенско-диетален режим.

Во сегашната ситуација – КОВИД 19, се појавуваат различни симптоми: појава на мазен јазик, симптоми на печење на устата, губење на чувството за вкус. По дијагнозата, симптоматска терапија е вклучена со тимска работа.