АНТИБИОТСКА САМО-МЕДИКАЦИЈА КАЈ СТОМАТОЛОШКИТЕ ПАЦИЕНТИ

Асс. Д-р. Верица Тонева-Стојменов Асистент /Факултет за медицински науки, Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип

Click here to join the session

Стоматолошките интервенции важат за едни од најстресните, најболните и најнепријатните. Денес, во ерата на висока технологија каде сите информации стигнуваат преку интернет, или преку медиумите, многу лесно лековите и медикаментите се достапни на широката популација. Од таму и можноста за само-медикација кон која, многу побрзо и полесно пристапуваат пациентите, одколку да се одлучат за контролен преглед или третман во стоматолошка ординација кај стручно едуцирано лице-стоматолог.

Се почесто присутната само-медикација кај популацијата во Р.С. Македонија, посебно со земање на лекови и препарати кои навидум се безазлени претставуваше иницијација за нашето истражување: да се направи процена на само-медикацијата со антибиотици кај пациентите на кои им требаат стоматолошки услуги. Исто така предмет на ова испитување беше и да се верифицираат кои антибиотици најчесто се користат, како и да се процени улогата на образованието при само – медикацијата.

Во Р.С. Македонија нивото на само-медикација е доста високо, затоа е потребно подигнување на свесноста кај популацијата и едуцирање на пациентите за последиците од неа. Па така, без разлика на карактеристиките на антибиотиците како и нивната делотворност на инфекциите во човечкиот организам, во одредена тераписка доза, во исто време, можат да предизвикаат и многу несакани проблеми, кои во екстремни случаи може да завршат и летално, нивната рационална употреба и контрола всушност е целосно оправдана.