За симпозиумот

Во секојдневната стоматолошка пракса многу честа појава се пациенти со одонтогена инфекција. Во некои случаи таа инфекција може да биде и животозагрозувачка доколку не се третира наверемено и адекватно. Секој стоматолог е свесен за можноста од сериозни компликации и одговорноста којашто ја има при менаџирање и третирање на ваквите состојби. Меѓутоа со оглед на отежнатите услови на работа поради актуелната состојба со пандемијата, од аспект на сите ограничувања како и одлагањето за стоматолошка нега од страна на пациентите, стесогените фактори итн. дополнително може да доведе до ескалирање на состојбата на пациентот. Затоа поставувањето на правилна дијагноза и познавањето на современите терапевтски постапки се од исклучително голема важност за исходот и превенирањето на сериозни компликации.

Континуираната едукација и стручното усовршување се темел и движечка сила кон секој успех, затоа Ве покануваме да земете учество и да ги проследите предавањата од поканети гости и наши професори.

Со почит,
Организационен одбор