За симпозиумот

За симпозиумот

Во секојдневната стоматолошка пракса многу честа појава се пациенти со одонтогена инфекција. Во некои случаи таа инфекција може да биде и животозагрозувачка доколку не се третира наверемено и адекватно. Секој стоматолог е свесен за можноста од сериозни компликации и одговорноста којашто ја има при менаџирање и третирање на ваквите состојби. Меѓутоа со оглед на отежнатите […]

Read More

Агенда

November 20, 2021 9:30 am - 10:00 am

Регистрација на учесниците

-

November 20, 2021 10:00 am - 10:15 am

Oтварање на симпозиумот

-

November 20, 2021 10:15 am - 10:55 am

КОВИД 19 ПАНДЕМИЈА – ПАРАДОКС НА НАШЕТО ВРЕМЕ

Постојат седум познати хумани корона вируси од кои четири најчесто причинуваат лесни настинки кај особи со добар имун систем. Oстанатите три вида кои се откриени во последните две децении (SARS CoV, MERS CoV и SARS CoV-2), се пренесуваат како зоонози и се причинители на тешки респираторни заболувања и смрт...

Проф. Д-р. Васо Талески Професор / Факултет за медицински науки, Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип
November 20, 2021 10:55 am - 11:35 am Conference

ЗНАЧЕЊЕТО НА ОРАЛНИТЕ ВИРУСНИ ЗАБОЛУВАЊА ВО СЕКОЈДНЕВНАТА СТОМАТОЛОШКА ПРАКСА

Херпес симплекс вирусот (ХСВ) е честа причина за болести на орофацијалниот регион. Од голема важност е да се знаат главните клинички манифестации на примарен херпетичен гингивостоматитис и секундарната рекурентна форма на херпетичен стоматитис.Типичната клиничка слика и деталната анамнеза овозможуваат, во повеќето случаи, секој стоматолог да ја препознае и успешно да ја третира болеста...

Проф. Д-р. Љиљана Ќесиќ Редовен професор / Стоматолошки факултет, Универзитет во Ниш, Република Србија
November 20, 2021 11:35 am - 12:15 pm Conference

ФОКАЛНИ ИНФЕКЦИИ ОД ОРАЛНАТА СРЕДИНА И МОЖНОСТИ ЗА СИСТЕМСКА ИМПРЕСИЈА

Присуството на микроорганизмите и нивната трансмисија од оралната средина во целиот организам, претставува сознание, за кое уште Гален пред нашата ера посведочил. Но, во дваесеттите години на минатиот век, за прв пат се спомнуваат фокалните инфекции кои датираат од оралната средина, преку кои се дисаминираат микроорганизми или нивните токсини и нус продукти во оддалечени ткива и органи со единствена цел, нарушување на нивниот интегритет. Иако ваквата состојба генерално се одвива асимптоматски, примарниот фокален статус најчесто се наоѓа во устата...

Проф. Д-р. Ивона Ковачевска Професор / Факултет за медицински науки, Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип
November 20, 2021 12:15 pm - 12:55 pm Conference

КОНТРОЛА НА ИНТРАХОСПИТАЛНА ИНФЕКЦИЈА

Во предавањето се опишани основните инфективни заболувања кои се професионален ризик во стоматолошката пракса – COVID 19, Hepatitis B, AIDS, Tuberculosis, Influenza, Herpes Virus, Child Infectious Diseases...

Проф. Д-р. Красимира Јанева- Рибагина Професор / Факултет за дентална медицина, Медицински факултет - Софија, Бугарија
November 20, 2021 12:55 pm - 1:15 pm Conference

АНТИБИОТСКА САМО-МЕДИКАЦИЈА КАЈ СТОМАТОЛОШКИТЕ ПАЦИЕНТИ

Стоматолошките интервенции важат за едни од најстресните, најболните и најнепријатните. Денес, во ерата на висока технологија каде сите информации стигнуваат преку интернет, или преку медиумите, многу лесно лековите и медикаментите се достапни на широката популација. Од таму и можноста за само-медикација кон која, многу побрзо и полесно пристапуваат пациентите, одколку да се одлучат за контролен преглед или третман во стоматолошка ординација кај стручно едуцирано лице-стоматолог...

Асс. Д-р. Верица Тонева-Стојменов Асистент / Факултет за медицински науки, Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип

Предавачи

Проф. Д-р. Васо Талески
Професор Факултет за медицински науки, Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип
Проф. Д-р. Љиљана Ќесиќ
Редовен професор Стоматолошки факултет, Универзитет во Ниш, Република Србија
Проф. Д-р. Ивона Ковачевска
Професор Факултет за медицински науки, Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип
Проф. Д-р. Красимира Јанева- Рибагина
Професор Факултет за дентална медицина, Медицински факултет - Софија, Бугарија
Асс. Д-р. Верица Тонева-Стојменов
Асистент Факултет за медицински науки, Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип