
Континуирана стоматолошка едукација, 9-ти Симпозиум со меѓународно учество
Ургентните состојби во Денталната Медицина се оние за кои е потребно брзо, навремено реагирање и терапијата треба да биде спроведенаво моментот на појавување на првите симптоми. Од тие причини секој стоматолог треба да знае како адекватно да се справи со дадената ситуација. Затоа драги колеги Ве покануваме на 10.10.2020 преку платформата Microsoft Teams, Online да […]
Read MoreАгенда
Распоред на предавањатаБАЗИЧНИ ПРИНЦИПИ ВО МЕНАЏМЕНТОТ НА УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СЕКОЈДНЕВНАТА СТОМАТОЛОШКА ПРАКСА
Сериозни медицински итни случаи за среќа не се толку честа појава во општата стоматолошка пракса; меѓутоа, доколку се појави угрентна состојба, спремноста да се справиме со истата може да резултира со потенцијално избегнување на последици -ризикот од смртност или сериозен морбидитет.Ова ја апострофира важноста и потребата за имплементирање на стратегии за нивна превенција, усвојување на вештините за ургентно делување, како и располагање со соодветни алатки и лекови кои ќе ја направат побезбедна праксата во стоматолошките ординации. Редовното образование и обука на стоматолошкиот тим се неопходни, со цел да се одржи критичното знаење и прагот на вештина потребни за ефикасно справување со медицински итни случаи...
ИНФЕКЦИИ НА ГЛАВАТА И ВРАТОТ, НОВИНИ ВО ТЕРАПЕВТСКИОТ ПРИСТАП
Инфекциите на главата и вратот се уште се вообичаен домен и проблем за стоматологот и особено за оралните и максилофацијалните хирурзи. Тие ретко се домен на третман на специјалисти по оториноларингологија, офалмологија, како и понекогаш и неврохирурзите. Овие инфекции се со претежно дентогено потекло. Според Бернад, инфекциите во пределот на лицето, вилицата и вратот во 93% од случаите се со дентогено потекло...
УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОШКАТА ПРАКСА – УПРАВУВАЊЕ И ПРЕВЕНЦИЈА
Во секојдневната стоматолошка пракса иако поретко, сепак се случуваат ургентни состојби коишто секој стоматолог и специјалист треба да ги препознае, идентификува и да управува со потенцијално загрозувачка ситуација...
УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОШКАТА ПРОТЕТИКА
Функционални, психолошки и естетски причини го оправдуваат изработувањето на имедијатни протези во сите случаи кога е можно. Успехот во имедијатната протеза зависи во голема мерка од правилната дијагноза, деталниот план за лекување и прецизно изведените процедури за изработка. Правилна дијагноза и план за работа може да се направи дури откако ќе се процени општата здравствена состојба на пациентот и откако се направени екстра и интраорални испитувања. Пред почетокот на третманот, пациентот треба да биде информиран за планот на лекување, придобивките од имедијатната протеза и можните компликации. . При донесување на конечна одлука, неопходно е да се земат предвид сите можни контраиндикации. Имедијатната протеза може да се препорача и да се направи за повеќето пациенти кои го бараат тоа. Прашањето што се поставува во рамките на ова предавање е што е имедијатната протеза во стоматологијата денес и кои се современите технолошки достигнувања кои ни овозможуваат добри решенија во процесот на рехабилитација...
ЗГРИЖУВАЊЕ НА „ДЕНТИНСКА РАНА“ КАКО УРГЕНТНА СОСТОЈБА ВО СОВРЕМЕНАТА СТОМАТОЛОГИЈА
Иако зборот „ургентно“ во вистинската медицинска смисла не може да биде применет во стоматолошката протетика, сепак постојат голем број состојби кои бараат ургентно згрижување од страна на стоматологот-протетичар. Важноста на нивната терапија се состои во овозможување на пациентот нормално да продолжи со секојдневните активности, без нарушување на ниедна орална функција, ниту на неговиот изглед. Овие состојби може да се појават пред, за време, или после спроведениот протетски третман. За време на протетската рехабилитација една од најургентните состојби е згрижување на експонираниот дентин по препарацијата, односно по создавањето на т.н. дентинска рана. Соголениот дентин непосредно по препарацијата треба да се заштити со цел да се блокира дејството на хемиските, осмотските, термичките, механичките, токсичните и бактериските дразби врз пулпата и да спречи нејзино заболување или појава на болка...
Предавачи
Професор
Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип
Професор
Медицински факултет во Ниш
Професор
Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип
Професор
Професор
Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип